Наградната игра на Киппер маркетите за Валентајн е лажна

-

Оваа наградна игра е невистинита и таа не е споделена од официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите, којашто може да се најде на следниот линк и има 145 илјади допаѓања. Лажната наградната игра е споделена од ФБ страница којашто e новокреирана и нема други содржини. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и да се тврди дека се делат награди. Некогаш целта на овие постови е да се соберат личните податоци на граѓаните, а некогаш намерата е страниците од кои тие се шират да добијат поголем број следбеници, , пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна наградна игра во која е злоупотребен брендот на Киппер Маркети.

Содржината на постот гласи:

На Денот на вљубените, ќе ви доставиме бесплатна кутија до вашата врата. Кој напишал „Денот на вљубените“, со среќа..!!!!

Постот е доста вирален и има преку 3,6 илјади коментари во моментот на нашата рецензија. На оние кои коментирале под објавата им се даваат дополнителни инструкции:

Само уште еден чекор. Притиснете го копчето за регистрација на врвот на нашата веб-страница за да ја потврдите вашата регистрација. Со среќа.

Наградната игра е измислена, а за да се наведат корисниците на социјалната мрежа на лажна импресија дека е веродостојна се злоупотребува логото на Киппер маркети.

Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име, да се тврди дека се делат награди. Всушност, во некои од овие постови, целта е да се соберат личните податоци на граѓаните, а во други постови целта е страниците од кои тие се шират да добијат голем број на лица што ги следат. Потоа тие страници се продаваат од анонимните администратори или им се отстапуваат на користење на други лица и им се менува името, за од нив да се споделуваат други содржини.

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што не е споделена од официјалната страница на Фејсбук на Киппер маркетите. Таа страница може да се најде на следниот линк и има 145 илјади допаѓања.

Имајќи предвид дека самата ФБ страница e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра, како и фактот што компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница предупредува дека истата е лажна, постот го оценуваме како невистинит и измамнички.

Постои пракса да се создаваат невистинити наградни игри на социјалните мрежи за која Вистиномер веќе пишуваше овде. 

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците и со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...