fbpx

Наесен нов бран на коронавирусот, дел од студентските домови може да се пренаменат во болници

-

Во изминатите 10 дена кризата повторно ескалираше на Балканот. Во Србија, во седум дена се бележат по 300 случаи на ден, во Бугарија 150, во БИХ 170, Црна Гора 57, Албанија 70, во Косово – 100 случаи на ден. СЗО кажа дека 60 отсто од случаите од 10 милиони пациенти, се регистрирани во јуни. Насекаде има нов бран, кај нас дојде порано. Ова е директна последица на попуштањето на мерките и непочитувањето на мерките за лична заштита. Сценаријата дека вирусот летово ќе исчезне не се остварија, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Ќе остане вирусот овде подолго време, а ние мора да сме подготвени. Оваа реалност ќе трае подолго одошто сите очекуваа. Факторот на преносливост, само два дена е над 1, останатиот период е 0,9. Регистрирани заболени има од сите возрасти, најзастапени се оние над 60 години. Граѓаните треба да бидат исклучително внимателни, смртноста на оваа возраст е највисока – рече министерот.

Досега во земјата се направени 68.059 тестирања. Според него, стратегијата на широко интензивно тестирање дава резултати.

– Наесен вирусот посилно ќе се шири, нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории. Имав средби со повеќе директори на повеќе болници деновиве, ја разгледуваме можноста да се користат како болнички дополнителни капацитети. Се разгледува и опцијата студентските домови во Битола и Охрид да се користат како болници – рече Филипче.

Тој кажа дека ако ризикот од влез на граѓани од околните држави може да го загрози нашиот систем, можно е деновиве да има воведувње мерки.

На новинарско прашање околу отворањето градинки и училишта од септември, тој кажа дека тоа би било ризик.

– Отворањето градинки и училишта, поголемата комуникација меѓу мадите луѓе е дополнителен ризик, затоа и ги правиме овие подготовки за дополнителни кревети. Повторно е до сите нас, ако ги почитуваме мерките, се сведува на минимум ризикот од ширење на вирусот. Таа повторна фрекфенција на луѓе, есенските месеци со поладно време, неможноста граѓаните да чекаат внатре наместо како сега надвор пред банка на пример, е сè дополнителен ризик. И на тоа ни укажа и СЗО. Ќе мора да сме свесни дека ако има зголемена трансмисија, ќе се воведуваат рестриктивни мерки, ќе се ограничи движењето – информира Филипче.

Во врска со заминувањето на двајца анестезиолози од болницата „8 Септември“, тој рече дека нема недостаток на доктори.

– Разговаравме за помош на колегите анестезиолози, па двајца од клиниките ќе одат и во „8 Септември“, но нема да трпат операциите на клиниките – додаде министерот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...