Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

-

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно – приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и според најавите на надлежните се очекува да заврши следниот месец. Од друга страна, министерот за економија на прашање од Порталб.мк одговара дека кога ќе има соодветни инвеститори и истото ќе се сподели со граѓаните, пишува Порталб.мк.

Засега, пред да заврши процедурата за одвојување на ЕЛЕМ Турс од ЕСМ, не може да се каже каква ќе биде иднината на оваа туристичка дестинација. Порталб.мк го праша директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, зошто постапката се одолговлекува уште една година. Според него, процедурите се при крај.

Од друга страна, министерот за економија, Крешник Бектеши, кој редовно ја посетува Попова Шапка околу прашањето на инвестициите, по барањето на Порталб.мк да појасни дали има или не инвеститори какви што ги спомнуваше неколку пати на оваа тема, рече дека кога ќе има задоволителни понуди, тоа ќе го споделат со јавноста.

„Лично како министер сум член на Комисијата за ревизија на проекти кои поминуваат како стратешки инвестиции, кои ги водел премиерот. Затоа, како член, имам пристап до секој проект што е од интерес и е официјално доставен до Министерството за економија, друга институција или директно до Владата со интерес да се реализира можна инвестиција во РСМ, и токму таков интерес имало и уште има за развој на Попова Шапка. Но кога има интерес, не значи дека треба да се договориме како Влада; ние треба да го штитиме јавниот интерес, за тоа се вика и јавно-приватно партнерство… Кога ќе имаме инвеститори со кои ќе можеме да се договориме, а кога велам да се договориме, пред да се потпише каков било тип на договор, тоа ќе биде прво споделено со граѓаните, ќе се спроведе јавна расправа за тоа дали сакаме да ја развиваме Попова Шапка онака како го прави Авзи (директорот на ЕЛЕМ Турс), или сакаме приватен инвеститор“, рече Бектеши.

Тој додаде дека во последните две години на Попова Шапка има рекорден број посетители, како и дека има подобрување на услугите.

Потсетуваме дека поранешниот премиер Зоран Заев објави дека во националната стратегија 2021-2027 година, опфатена е и ревитализацијата на центарот „Попова Шапка“, при што беше предвидено да се додели 99-годишна концесија на европски инвеститор.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...