Надлежните без конкретни рокови за завршување на автопатот Миладиновци – Штип

-

Дождливите денови во јуни и свлечиштата што се појавија на одделни делници, го пролонгираа рокот за завршување на автопатот Штип – Миладиновци, кој се гради веќе петта година. Ова е објаснувањето од директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, кој не даде прецизен одговор кога автопатот ќе биде завршен – кон средината на овој месец, во ноември или сепак ќе се почека.

– Се работи на клучката кај Три Чешми. За некои десетина дена асфалтирањето на патот комплетно завршува. Во меѓувреме забрзано се работат еластичните огради, поставувањето на мрежите, одводните канали. Значи автопатот Миладиновци-Штип е во завршна фаза и ќе биде пуштен согласно очекувањата и препораките од надзорот – рече Китанов.

Китанов и министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески денеска беа во увид на градежните работи на експресниот пат Штип – Радовиш, на кој видливо забрзано се работи. Трасата е целосно пробиена, а завршува првата фаза од реката Брегалница до клучката кај Бучим, со што се завршени 10 проценти од патот.

– Трасата е комплетно завршена и веќе може да се очекува да се градат завршните делови. Во меѓувреме заврши тендерот за рехабилитација на споредниот регионален пат и кога возилата ќе се движат по оваа траса, тој ќе биде асфалтиран за да не претрпи дополнителни оштетувања – изјави Китанов.

Експресниот пат Штип – Радовиш, што го гради „Штрабаг“ и чини 47 милиони евра, се очекува да биде готов за две години.

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...