fbpx

Повеќе од еден милион интернет-претплатници на „Њујорк тајмс“

-

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ соопшти дека бројот на неговите дигитални претплатници првпат надмина еден милион.
Весникот стигна до милион претплатници за околу четири и пол години, откако почна да наплатува за претплата на своето дигитално издание.

„Тајмс“, исто така, има 1,1 милион претплатници на печатеното издание.

– Ова е потврда за нашето посветено работење, како и потврда за квалитетот на нашето новинарство – рече претседателот и извршниот директор на компанијата, Марк Томпсон.

„Тајмс“ во вториот квартал остварил пораст на профитот од дури 78 отсто на годишно ниво, додека приходите се истовремено намалени за 1,5 отсто.
Приходите од рекламите во печатеното издание во три месеци, заклучно со јуни, се намалиле за 12,8 отсто, додека за дигиталното издание се зголемиле за 14,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...