Според последните, дефинитивни податоци на Државниот завод за статистика, во 2018 година деловните субјекти во државата реализирале за 9,1 отсто поголем промет и за 7,6 отсто зголемена додадена вредност, во однос на претходната година.

Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти, кои во 2018 година ги имало 58.231, во коио биле ангажирани 396.629 вработени лица, оствариле вкупен промет од 1.312.068 милиони денари и додадена вредност од 281.656 милиони денари.

Претпријатијата од секторот трговија на големо и на мало и од секторот преработувачка индустрија учествувале во прометот со повеќе од две третини во вкупниот промет или со 69,1 отсто, а по нив следат секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сo 7,1 отсто, градежништво со 6,5 отсто и транспорт и складирање со 5,8 отсто.

Најголем дел од вработените биле ангажирани во секторот преработувачка индустрија, 31 отсто, во кој се создава 27,9 отсто од вкупната додадена вредност. Секторот трговија на големо и на мало ангажирал 25,9 отсто од вкупно вработените кои создалет 23,7 отсто од вкупната додадена вредност. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите градежништво, 9,6 отсто, транспорт и складирање 8 отсто и информации комуникации, 7,3 отсто, објави денеска ДЗС.

Во реализираната вкупна додадена вредност доминираат микро-претпријатијата со помалку од 10 вработени, 90,5 отсто, најголемиот дел од нив биле од областа на трговијата или 40,7 отсто. Со ангажирани 31,8 отсто од вкупно вработените, тие имале создадено 21,2 отсто од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија, 0,3 отсто, главно од секторот преработувачка индустрија, биле  ангажирани 25,9 отсто од вкупниот број вработени и се оствариле 36,8 отсто од вкупната додадена вредност, во рамките на деловниот сектор.