fbpx

Над 80 години затвор за седуммината обвинети за обид за убиство на Села

-

На седумтемина обвинети за обид за убиството на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година, при крвавите насилства во Собранието, во Основен суд Скопје 1 денеска им беа изречени затворски казни од 10,5  години до 13,5 години затвор, односно вкупно 81,5 години затвор.

Сите беа обвинети за убиство.

Обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истата казна ја  доби и Александар Јаневски – Тошта. Половина година повеќе, односно 13,5 години доби Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Според кривичното дело за кое се гонеа, на обвинетите им се закануваа затворски казни од 5 до 15 години.

Нивните двокати побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...