fbpx

Повеќе од 70 загинати во терористичкиот напад на универзитет во Кенија

-

Најмалку 70 луѓе загинале, а 79 биле ранети во нападот што денеска се случи во Универзитетот „Гариси“ во Североисточна Кенија, пренесуваат светските медиуми.

Одговорноста за нападот ја презела исламистичката терористичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Кенискиот министер за внатрешни работи, Јозеф Нкаисери, за медиумите изјавил дека сè уште не се знае судбината на 500 од вкупно 815 студенти и дека се убиени четворица милитанти на Ал Шабаб. Тој додал дека 90 отсто од опасноста е отстранета, но дека операцијата за расчистување на ситуацијата во универзитетскиот кампус сè уште трае.

Како мерка на претпазливост, Кенија вовела полициски час во четири региони во близина на границата со Сомалија.

Терористичката група Ал Шабаб од соседна Сомалија, изминатите години изведе неколку напади на територијата на Кенија, меѓу кои и нападот на трговскиот центар во Најроби во септември 2013 година, кога беа убиени 67 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...