fbpx

Над 6.000 амандмани за измените на Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи

-

На предложените измени на Изборниот законик поднесени се над шест илјади амандмани.

Измените се поднесени од 15 пратеници од помалите партии кои предлагаат една изборна единица и отворени листи.

На денешната собраниска седница се предложени два предлог-закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници, а вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници.

Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40 проценти со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...