fbpx

Над 30.000 руски платеници на Вагнер се убиени или повредени од почетокот на војната во Украина

-

Над 30.000 платеници кои се борат за руската паравоена група Вагнер се убиени или повредени од почетокот на војната во Украина, соопштија американските власти. Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека групата претрпела значителни загуби во последните недели, при што во акција биле убиени околу 9.000 борци, пишува BBC.

Најголем дел од платениците на Вагнер се регрутирани во руските затвори, а Кирби рече дека повеќето жртви биле необучени осуденици.

Некои од најжестоките борби во војната се водеа околу градот Бахмут, каде платениците на Вагнер беа силно вклучени во руските напори да го заземат. Украинските војници велат дека борците на Вагнер биле испратени во напади на отворен терен, а портпаролот на украинската армија рече дека Москва не успеала да ги евакуира ранетите и загинатите војници – што води до „места каде што нивните тела се само натрупани“.

Претставници на британската разузнавачка служба процениле дека руските редовни сили и трупите на Вагнер можеби претрпеле меѓу 175.000-200.000 жртви – вклучувајќи 40.000-60.000 смртни случаи.

Високиот број на смртни случаи е „речиси сигурно“ поради „исклучително рудиментирана медицинска помош“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Групата Вагнер беше многу помала пред војната, со само 5.000 борци, од кои повеќето беа искусни поранешни војници. Регрутирањето десетици илјади борци по затвори започна минатата година бидејќи Русија имаше проблем да најде војници за нејзината инвазија на Украина. Половина од тие осуденици веројатно се ранети или убиени, велат британските власти.

Групата Вагнер неодамна објави дека ќе престане со регрутирање во затворите, по долготрајните тензии меѓу нив и руската војска. Се верува дека Вагнер започнал со операции во 2014 година на анектираниот полуостров Крим и оттогаш дејствувал на други места во Украина, во Сирија и низ Африка. Обвинет е за бруталност и воени злосторства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free
download samsung firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download