Над 2.000 професори се потпишаа на списокот за поддршка на студентите во Србија

Тие најостро го осудија секој обид на власта да ги заплаши колегите-студенти преку јавно споделување на нивни приватни информации, ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на БИА на нивните адреси

-

Списокот на универзитетски професори кои со јавно писмо ги поддржаа студентите во Србија во нивните протести и барања секој час се проширува, а веќе надмина 2.000 имиња, јави „Нова.рс“.

„Почитувани граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, цврсто стоиме покрај нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат професорите од универзитетите низ Србија.

Тие најостро го осудија секој обид на власта да ги заплаши колегите-студенти преку јавно споделување на нивни приватни информации, ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на нивните адреси и адресите на нивните родители.

„Со ова, повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, велат професорите кои се наоѓаат на списокот.

ИзворНова.рс

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...