Од почетокот на годинава до 12 февруари, во Германија пристигнале 18.000 државјани на Косово, кои бараат азил и се распоредени по германските покраини. Министерството за внатрешни работи на Германија предупредува дека драстичниот пораст на бројот на азиланти претставува опасност за дестабилизација на Косово и на целиот регион.

Бројот на одобрени барања за азил на граѓани на Косово во 2014 година бил 1,1 отсто од вкупниот број поднесни молби, а во јануари оваа година е 0,3 отсто.
Граѓаните на Косово во текот на 2014 година поднеле околку 7.000 молби за азил.

Најмногу погодени со бранот азиланти се четирите германски покраини Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија, Баварија и Баден-Виртемберг, каде постојат и проблеми со сместувачките капацитети.
Германија и нејзините покраини воведоа бројни мерки како реакција на драстичниот пораст на бегалци, меѓу кои се и воведување приоритети за обработка на барањата на граѓаните од Косово.