Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити истакна дека оваа влада не е одговорна за нивното вработување, но е решена да го реши проблемот. Со тоа ќе бидат вработени здравствени работници коишто нема да се разликуваат по националност

-

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори.

„Во овој период ќе донесеме само една одлука на владата за трансформација на оние кои биле вработени во здравството во минатите влади и останале со договори за работа, некои дури и со децении. Станува збор за 1500 здравствени работници во Северна Македонија, кои ги држеле во неизвесност за да ги искористат пред избори, не им давале решенија за да ги користат како гласачи,“ изјави Меџити во емисијата Politica на ТВ Глоби.

Тој истакна дека оваа влада не е одговорна за нивното вработување, но е решена да го реши проблемот. Со тоа ќе бидат вработени здравствени работници коишто нема да се разликуваат по националност. Ова би важело за работниците коишто биле вработени од претходните влади, и до сега работеле со привремени договори повеќе од 10 години.

Според него, од 1500 вработени, 800 се Албанци, а решенијата ќе бидат доделувани рамномерно: 50% Албанци и 50% Македонци.

Тој нагласи дека овој процес немало да биде можен доколку се применувал системот на балансирање.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...