Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на ковид-19 односно над 36 отсто од тестираните.

Вкупниот број на регистрирани заболени во земјава сега изнесува 37.499, од кои активни се 13.568 додека 22.835 се оздравени. Највисок број на активни случаи, според министерството, е регистриран во општина Аеродром во Скопје – 1.021, во Карпош – 892, во Центар – 848, а во Гази Баба – 847.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти додека како резултат на ковид-19 починаа 12 лица, сите во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 48 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 58 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 458 позитивни и сомнителни на Ковид-19.