Националната мрежа против насилство врз жените бара исклучок од санкции за жртвите на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство достави барање до Владата со кое бараат да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство.

„Жртвите кои се во висок ризик од насилство, да можат истото да го пријават до надлежна институција или да побараат помош во здравствена установа, како и нивните деца, постари членови на семејството кои треба да излезат со нив како би се заштитиле од насилството, а притоа прекршувањето на полицискиот час да не им биде санкционирано и доколку ги пресретне полициски службеник истиот да им ја пружи соодветната заштита и да ги упати до надлежна институција“, велат од Националната мрежа.

Тие исто така бараат во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него(приведување, покренување на привремении мерки за заштита и др.) се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом.

Од Националната мрежа, појаснуваат дека големиот притисок што го чувствуваат граѓаните може да влијаат врз интензивното зголемување на стресот кај граѓаните, фрустрации, страв и силна загриженост за иднината, кои се тригери за агресивно однесување, изливи на нервоза, зголемена потреба за контрола и изразување моќ, насилно решавање на конфликтите и големена примена на насилство.

Граѓанските здруженија се најгласни по однос на овој проблем. „Мета.мк“ и претходно пишуваше дека изолацијата дополнително ќе го зголеми ризикот за семејно и родово-базирано насилство.