Националната галерија ги повика децата да споделат цртежи со тема „Нашите херои“

Националната галерија ги охрабри и ги повика децата да направат уметнички дела со кои ќе им се заблагодарат на хероите во нашата заедница.

„Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата“ – велат од галеријата.

Децата може да изработат цртеж со краток опис (максимум 150 зборови) или кратко видео од детската изјава снимена со телефон. Повикани се сите креативци од претшколска и школска возраст.

Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на маил адресата: [email protected] или истите да ги објават на социјалните мрежи Facebook и/или Instagram, со хаштаг: #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery.

Испратените слики од уметничките дела ќе бидат објавени на официјални профили на Националната галерија. (Facebook и Instagram)