Националниот младински совет организира консултативна средба за потребите на младите во Скопје

НМСМ
Фото: НМСМ

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во соработка со Град Скопје утре ќе одржи консултативна средба за приоритетите и потребите на младите од Скопје.

Како што информираат од НМСМ, средбата ќе се реализира во канцелариите на „МладиХаб“, на Рекорд, во центарот на Скопје, со почеток во 12:30 часот.

На средбата ќе присуствуваат млади лица и претставници од различни младински организации, кои ќе дискутираат за потребите на младите луѓе во главниот град.