fbpx

Националната развојна Стратегија треба да го отслика општеството во кое сите сакаме да живееме

-

Патишта кои произведуваат енергија, фотоволтаици во секој дом, држава која не ги расфрла и троши ресурсите и која јавните пари ги троши на образование и здравствена заштита на граѓаните, рамномерен развој, иновации, чисти води и природа, искоренување на невработеноста, прилагодување на наставните планови на пазарот на трудот, зелени инвестиции во планирањето и функционални депонии. Ова се само дел од визиите за иднината на С. Македонија кои беа споделени на визионерскиоте работилници организирани во рамките на проектот за изработка на Националната развојна Стратегија (2022-2042) кој го спроведува УНДП.

Документот треба да го утврди правецот во кој земјава сака да се движи во следните две декади. Се работи за чадор политики за долгорочна визија што треба да го поплочи патот кон главната цел, за која треба да се сложат сите чинители во општеството. На денешната дебата, на која беа презентирани постигнувањата од првите фази од проектот, беа поканети експерти и граѓански организации кои треба да дадат свое учество во понатамошното креирање на документот.

„Се работи за жив документ за кој мора да се обезбеди постојано ажурирање и прилагодливост. Развојната стратегија мора да е флексибилен документ со оглед на тоа дека една од главните карактеристики му е долгорочноста, а треба да се обезбеди и системски пристап во изработката. Градењето отпорност и прилагодливот мора да ги научи нациите да растат во несигурни средини и кризи, а Владите да разберат дека општествените иновации се случуваат во коалиции со различни чинители“, рече Зехра Зеиди, експерт од Обединетото Кралство.

Таа посочи дека еден од најважните сегменти во изработката на Стратегијата е учеството на граѓаните. На документот се работи една година, а досега се направени 30 визионерски работилници, чија главна цел е да се слушне мислењето на граѓаните. Во нив учествуваа над 1.000 учесници од кои над 30 отсто беа млади, средношколци и студенти.

„На работилниците се разговараше и се споделуваа визии на неколку теми како животна средина, инфраструктура, човечки капитал и раст, чија главна цел беше да се слушнат различни мислења за да може да се создаде големата слика“, рече Марија Караева.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, вчера напиша дека присуствувал на работилниците во Скопје и дека е горд и среќен што многу млади луѓе, луѓе од различна етничка припадност, претставници на ранливите групи граѓани, заедно дебатирале и разменувале идеи.

„Секој предлог, секоја визија за идниот развој на државата претставува вистинско богатство, бидејќи ќе нѝ помогне за првпат да креираме документ кој ќе биде долгорочен и сеопфтен патоказ за тоа какви политики треба да градиме во следните 20 години“, напиша Битиќи и додаде дека Националната развојна стратегија ќе биде донесена со широк консензус, затоа што ќе ја исцртува сликата за држава во која сите ќе сакаме да живееме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...