Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

За време на вториот ден ќе се реализираат сесии со партнерите, на кои ќе се разговара за глобалната безбедносна состојба и иднината на партнерството во делот на безбедносната соработка и менаџирањето со кризи

-

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.

На претстојната конференција во првиот ден ќе се реализираат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците.

За време на вториот ден ќе се реализираат сесии со партнерите, на кои ќе се разговара за глобалната безбедносна состојба и иднината на партнерството во делот на безбедносната соработка и менаџирањето со кризи. Меѓу другото, ќе се разговара и за пошироки теми како: климатските промени, безбедност на храна и енергија, нерегуларна миграција, организиран криминал и влијанието на недржавни актери на безбедноста.

Генералот Лафчиски во оваа прилика ќе реализира и официјална посета на Врховната
сојузничка команда на НАТО за операции во Монс, Белгија при што ќе ја посети и
делегацијата на нашата земја во НАТО распоредена во Монс и Брисел и штабните
старешини распоредени во командната структура на НАТО.

Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на
началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во
Брисел, а еднаш годишно се одржува во една од сојузничките земји членки на база на
ротација.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...