fbpx

Набавките на штета на пациентите

-

Болнички доктор тргнува на работа, а попатно од првата аптека купува ампули со ургентен лек, да му се најде во случај на итна потреба за пациент, бидејќи на одделението каде работи, лекот го нема. Ова е една од болничките случки, кои летово ги раскажува болничкиот персонал од една од болниците во Источна Македонија. Додека министерот за здравство Никола Тодоров промовира набавка на нова опрема во милионски износи во евра, болниците и здравствените домови немаат ни најосновни лекови, ампули и медицински потрошен материјал.

Не секогаш немањето пари за набавка е причина. Типичен е примерот со Берово. Здравствениот дом со месеци нема шприцеви и основен медицински материјал. Заглавила набавката, која се враќа веќе петпати. Така, веќе седум месеци домот не може да набави игли, шприцеви, рентген-ленти…

– Набавката ни ја одбива Советот за јавни набавки за ситни работи. Досега петпати сме одбиени, а за секоја набавка плаќаме по 9.000 – 10.000 денари. Ако продолжи вака, ќе треба да ставиме клуч на институцијата. Не можеме најосновни потреби да набавиме – се жали директорката на Здравствениот дом на Берово, Марија Раденска.

Како пример за строгото третирање на набавките од Советот, Раденска ја наведува последната набавка на опрема за поправка на зградата. Се вратила набавката поради тоа што не навеле дали шајките треба да бидат од пет или од десет милиметри.

За сто или двесте денари се враќаат набавките и во другите здравствени институции во Источна Македонија. Најтешко им е на пацинетите, особено на тие што зависат од ампули, кои, според законот, се набавуваат само од болничките аптеки. Ако набавката заглавила, тогаш останува само Господ на помош.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...