Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ со пари од донации набави медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари, информираат оттаму.

„Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Биодерма SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници. Набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување“, велат од иницијативата.

Како што се додава во соопштението, средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст.

„Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Кочани. Оваа поддршка претставува уште еден доказ дека солидарноста и заедништвото имаат вистинска сила кога се најпотребни“, се наведува во соопштението.