fbpx

На зградата на Владата било стрелано од ракетен фрлач?!

-

Во зградата на Владата, најверојатно, било стрелано од ракетен фрлач РПГ, а напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип оружје, оти со него не може да управува секој, пишува„Утрински весник“ повикувајќи се на толкувања на професионални војници по инцидентот кога два проектила завршија во владиниот објект.

Според познавачите, во нападот, најверојатно, е употребена противпешадиска распрснувачка ракета, која се активира и исклучува под прав или остар агол.
Од МВР и од Јавното обвинителство сè уште ништо не откриваат за текот на истрагата.
– Многу е тешко службите да спречат таков напад. Доаѓа поединец и испукува проектил. Не верувам дека инцидентот е случаен, односно дека проектилот бил испукан во воздух и случајно ја погодил Владата, бидејќи вообичаено на веселби се пука во воздух, а не во конкретна насока – вели генералот Стојанче Ангелов за „Утрински“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...