Владата денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе биде продолжена кризната состојба и ќе се намалат акцизите на бензините и дизелот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата се соочува со предизвици кои ги диктира состојбата во заливот и конфликтот меѓу САД и Иран што предизвикаува раст на цените на нафтата на светските берзи.

Мицкоски очекува со намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, да се запре растот на цената на нафтените деривати, а очекува и цените во земјава да останат најниски во регионот.