fbpx

На ЦИА ѝ се закануваат тужби како во случајот на Калед ел-Масри

-

Претставниците на ЦИА кои се поврзани со бруталните методи на испитување, веројатно до крајот на животот нема да можат да ги напуштат САД бидејќи би можеле да се соочат со кривични тужби во странство поради своите нехумани дејства, пишува „Блумберг“.

„Лицата што биле вмешани во овие тортури, особено оние чии имиња се познати, никогаш повеќе не би требало да патуваат надвор од САД – смета Бет ван Шак, професор по меѓународно кривично право и човекови права на универзитетот „Стенфорд“.

Таа смета дека постои опасност за тужби пред странските судови поради „принципите на проширена надлежност“.
Жртвите на тортурата на ЦИА досега имаат поднесено шест тужби, од кои две пред Европскиот суд за човекови права. „Блумберг“ потсетува на првиот случај кој се најде пред меѓународниот суд во Стразбур, Германецот со либанско потекло Калед ел-Масри, кој беше притворен во Македонија, а потоа префрлен Авганистан за испитување.

Судот во Стразбур оцени дека Македонија ја прекршила Европската конвенција за човекови права со тоа што го лишила Ел-Масри од неговите права на слобода и на приватност, како и одбивајќи соодветно да ги истражи неговите тврдења.
Во случајот со Ел-Масри, судот во Германија, како и судот во САД, ги отфрлија обвинувањата против ЦИА, во Меѓународниот суд за човекови права во мај 2012 година го разгледа случајот и нареди на Ел-Масри да му бидат исплатени 60.000 евра.

Извештајот на американскиот Сенат открива дека ЦИА немала основа за да го притвори Ел-Масри, кој беше уапсен во Македонија, откако бил помешан со терорист со слично име. Германецот со либанско потекло, подоцна им бил предаден на американските агенти, кои четири месеци го тепале, дрогирале во притворскиот центар во Авганистан.
Македонија се согласи да плати отштета за кршење на човековите права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...