Во чест на Светскиот ден на детето, 20 ноември, во владата се одржа средба на премиерот Зоран Заев и неколку министри, со млади лица кои отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат. Тие побараа повеќе акција за остварување на правата на децата.

Средбата беше под мотото „За децата, од децата“ и се водеше под хаштагот #KidsTakeOver

– Јас сум тука, тука се и повеќето министри од Владата што прават политики и сакаме да ве слушнеме и да го запишеме тоа што  вас ве засега – така ќе ни помогнете како извршна власт да бидеме насочени кон најважните прашања од ваш интерес – Зоран Заев.

На овој линк може да се погледне видеото од целата средба кое одеше во живо на Фејсбук.

Освен Денот на детето, денеска се прославува и 30. јубилеј од потпишувањето на Конвенцијата за правата на децата.