fbpx

На Реџепи нема да му се суди за говор на омраза кон Македонците

-

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи „не постојат основи на сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во говор во с. Арнакија, скопско, по повод темелите за возобновување на џамија на 14 март годинава даде изјава која многумина поединци и граѓански организации ја оценија како говор на омраза:

Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува – рече тогаш Реџепи. 

Од Обвинителството велат дека биле прибрани и материјални докази, а од анализа на доказите произлегло дека „не постојат основи на сомнение дека пријавениот ги сторил наведените кривични дела“.

– Клучен елемент на кривичното дело – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги измејува – велат од ОЈО. и додаваат дека сослушаната судијка и сама во изјавата пред надлежниот обвинител истакнаа дека не се чувствува загрозена и не препознава говор на омраза во зборовите на пријавениот – пишуваат од ОЈО СКопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...