fbpx

На просечната плата и фалат 100 евра да ја наполни минималната кошничка

-

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари или 436 евра, а минималната синдикална кошничка за јануари оваа година, што ја објави Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, изнесува 32.791 денар или 533 евра. Во кошничката која се пресметува за секој месец од годината, содржани се минималните потреби за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, кулутура и здравје. Таа покажува дека, без малку, цела просечна македонска плата оди за исхрана и пијалоци и за сметки. Поточно, кошничката за јануари, според пресметките на ССМ, посочува дека за храна и пијалоци во тој месец биле потребни 13.669 денари, а за домување (комунални трошоци, покуќнина и одржување) 10.431 денар или 41,69 отсто од платата. За превоз, во просек, биле потребни 2.425 денари, за облека и обувки 2.155 денари, за хигиена 2.336 денари, а најмалку за култура и здравје, 1.966 односно 706 денари месечно.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка во изминатите три години е приближно иста иако, горе-долу, варираат регулираните цени на струјата, парното, водата, што ги поскапува животните трошоци. На пример, таа лани во јануари изнесувала 32.751 денари, а во истиот месец 2018 била 32.354 денари. Овие пресметки на ССМ се за четричлено семејство кое живее во стан од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. А, во нив не влегуваат трошоци за летен и за зимски одмор, ниту посета на кафуле или ресторан, како ни фризерски или други услуги кои се секако дел од секојдневието.

Денеска просечното македонско семејство не живее многу подобро од пред 10 години, иако сите досегашни влади се фалат со зголемување на платите, на пензиите, растот на минимална плата, подобрување на стандардот…

Последното соопштение на Државниот завод за статистика за вредноста на потрошувачката кошничка за исхрана и пијалоци, вели дека во периодот октомври – декември 2010 година, едно четиричлено домаќинство било во можност со една просечна нето плата да ја наполни месечната кошница за исхрана и пијалаци. Просечната нето-плата за декември 2010 година изнесувала 21.454 денари, а вкупните трошоци за исхрана и пијалаци биле пресметани на 12.342 денари, или повеќе од половина просечна плата.

Инаку, од почетокот на 2011 година Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според дотогашни критериуми, и почна да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на македонскиот статистички систем со оној од земјите на ЕУ. По примерот на другите земји на Унијата, и кај нас обврската за изработка на потрошувачката кошница ја презеде ССМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...