Правењето на најнови верзии од постари видеоигри има две категоии на обнова: Ремастер и Римејк. Римејк значи целосно менување на играта и адаптирање за најнови компјутери и конзоли додека Ремастер е само графичко ажурирање на истата игра. Но и границите помеѓу овие две категории веќе се мешаат донесувајќи хибридно обновување на постари игри.

Во овој напис ви ги презентираме најавите за најновите верзии во изработка на игрите Prince of Persia: The Sands of Time  и Assassin’s Creed Black Flag и нивната реактуализација.

Римејкот за Prince of Persia: The Sands of Time првично беше најавен во 2020 година, и дека ќе излезе 2021 година, но уште е во изработка, а фирмата Ubisoft изјавија дека ќе пристигне на 31 март 2026 година.

 

Prince of Persia: The Sands of Time своевремено беше игра која го предифинира прикажувањето на принцот од Персија од платформска игра којашто своевремeно  беше многу популарна игра за компјутер и беше играна низ целиот свет од времето на „286ки“ Персонални Компјутери Додека Sands of Time излезе околу периодот на првите Пентиум Персонални Компјутери.

Оваа игра беше во 3D покрај тоа што имаше линеарна приказна во играта можеше да се враќа во време, и краткорочно и долгорочно со магичните песоци на времето. Играта имплеметира механики за загатки и скокања, акробации, трчање по ѕидови и балансирање на високи места на греди и исто така тоа зачинето со борби со меч против непријатели кои изгледаа доста интересно.

Ремастерот на играта е долгоочекуван и гејмерите се радуваат што повторно ќе се ре-оживее оваа игра. Иако серијалот кулминираше со Prince of Persia 2: Warrior Within која беше помрачна и подобра, следеа уште неколку продолженија направени со солидна и уште подобра графика од претходните игри во серијалот.

Assassin’s Creed: Black Flag

Протече информација дека играта Assassin’s Creed: Black Flag ќе добие солиден римејк. Всушност самиот Assassin’s Creed наслов при првата игра е започнат во развој планиран како најнова верзија на Prince of Persia, но за среќа на Ubisoft кои ја сменија насоката направија навистина специфичен серијал кој се етаблира како едни од најпродаваните игри воопшто во гејминг индустријата.

Во основа дејството во играта се ориентира околу потомци на асасини кои во машини наречени анимус кои симулираат виртуелна реалност, ги ре-доживуваат спомените на предците и се синхронизираат со акциите и постапките што ги правеле асасините и сите се поврзани и има историски настани и среќавање и соработување со познати личности од минатото. Лошите Темплари кои сакаат да го контролираат светот се заколнатите нерпријатели на Асасините кои пак се секогаш на „добрата страна“.  

Во Black Flag се игра пират-асасин преку ликот на Едвард Кенвеј, со поморски битки со бродови и многу авантури по различни острови и приказната е солидна. Но тоа што своевремено ги воодушеви играчите кога првпат излезе беше што имаше додатоци на комбатот и естетиката на борбите со интересни движења и потези за екзекуции и ред механики како срелички за успивање на стражари.

Дополнително јаже со шило за брзо инстант бесење на наепријатели, димни бомби и други интересни механики -од кои повеќето се задржани или малку изменети во подоцнежните наслови. Еве како изгледа модирана верзија од Black Flag како пример за како можеби ќе делува римејкот за кој уште нема снимки, веднаш се гледа драстична разлика.

Во Римејкот на Black Flag комбатот ќе биде повеќе акциски како во игрите Одисеја и Египет (Ориџинс), а не само повеќе базиран на стелт убиства како што беше во оригиналната верзија. Исто така делот кога во перспектива во прво лице ги истражувате просториите на Абстерго „во модерно време“ ќе биде целосно тргнат од играта.

Поради логиката што најновата игра AC Shadows ја престави најноват механика за поорганизирано преигрување спомени. Но сепак вистинската причина е што тој дел играчите го сфаќаа како непотребен и пополнување непотребни содржини кои беа досаден дел – дека единствената акција беше хакирање компјутери со визуелни загатки кои воопшто не беа комплицирани. Наместо тој дел од играта ќе биде додадена содржина со пиратството во просечно времетраење од четири часа. 

Во „дисклејмерот“ на AC игрите секогаш стои дека овој серијал е изработен од мултикултурен тим со различни верувања и убедувања. Римејкот се изработува од фирмата Ubisoft на новонадградениот Anvil Engine и Assassin’s Creed: Black Flag римејкот е најавен дека ќе излезе во почетокот на 2026 година.