fbpx

Напладне во Собранието први пратенички прашања за новата влада

-

Собранието за денеска напладне ја закажа 23. пленарна седница, на која единствена точка на дневен ред се прашањата што пратениците ќе ѝ ги упатат на Владата. Ваква седница требаше да се одржи 100 дена по формирањето на владата, но се одложи поради локалните избори, па оваа е прва за новиот владин состав.

Се очекува седницата да трае два часа, по што во 14 часот ќе продолжи 8. седница, на која на дневен ред, помеѓу другите точки, е именувањето на заменици на генералниот секретар на Собранието, како и изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик.

Редоследот на поставување пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.

Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29 септември 2016 година, а на прашања одговараа тогашниот технички премиер Емил Димитриев и министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...