fbpx

На пладне ќе се знае или претседател или нови избори во Грција

-

Денешниот ден ќе даде одговор на дилемата претседател или избори, која ја измачува Грција последниве три недели. Грчкиот парламент напладне по локално време ќе гласа по трет и последен пат за претседател. Доколку не се избере претседател, Грција на крајот од јануари или на почетокот од февруари оди на предвремени избори.

На овој трет круг, потребно е мнозинство од 180 пратеници од вкупно 300 за да биде избран единствениот претседателски кандидат, Ставрос Димас, предложен од владината коалиција на ПАСОК и на Нова демократија. На второто гласање Димас доби поддршка од само 168 гласа, што речиси целосно ги потона надежите дека на денешното гласање може да ја добие потребната поддршка. Се очекува дека поддршката ќе се зголеми за неколку гласа, но 180 изгледа како невозможна мисија иако не се исклучуваат и изненадувања во последен момент.  Прогнозите се дека Грција е поблиску до нов политички земјотрес и до предвремени парламентарни избори отколку до политичка стабилност и претседател.

Доколку Димас не биде избран, ќе треба да се распушти парламентот и во рок од 30 дена ќе треба да се распишат избори.

Грчкиот премиер Андонис Самарас викендов со интервју преку државната телевизија испрати последен апел до независните и до пратениците од опозицијата да го поддржат Димас за да не ја втурнат Грција во нови перипетии. Самарас остана на понудата за национален консензус за Димас во замена за владина реконструкција и договор за избори на крајот на 2015 година. Забележа дека не се плаши од нови избори, но би сакал да го види грчкиот брод закотвен на сигурно по пет години борби со немирно море од сите страни.

Опозициската СИРИЗА веќе се гледа како нова партија на власт и сигурна е дека денешното гласање ќе доведе до предвремени избори.

Неуспехот да се избере нов претседател се очекува да доведе до нов раздор во ПАСОК, отцепување на Јоргос Папандреу од историската партија и формирање нова, која ќе собере дел од функционерите во ПАСОК незадоволни од работата на Евангелос Венизелос.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...