На Панчевски ќе му се суди во Велес за злоупотреба на АКМИС

-

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, на 21 октомври треба да седне на обвинителна клупа во Велешкиот суд, за злоупотреби со АКМИС системот, односно поради тоа што распределувал судски предмети рачно додека беше претседател на Основниот суд Скопје 1, пишува „Порталб.мк“.

„Со одлука на Апелациониот суд во Скопје, Основниот суд Велес е определен за надлежен суд да постапува по предметот АКМИС, со цел да се исклучи секое сомневање во непристрасноста на Основниот суд Скопје, имајќи предвид дека обвинетиот е судија во овој суд. Обвинението ќе го застапува Основното јавно обвинителство Велес“, велат од Обвинителството.

Панчевски беше суспендиран од работа за непрофесионално и несовесно извршување на судиската функција. Обвинителството поднесе обвинение против Панчевски, за местење предмети кај подобни судии, додека тој беше на чело на скопскиот суд.

Според Обвинителството, тој распределувал рачно судски предмети кај одбрани судии, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен предмети од редовнито Обвинителство, Панчевски ги распределувал рачно и предметите кои ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Обвинението против Панчевски беше покренато откако кон крајот на 2017 година Министерството за правда објави извештај што произлезе од контролата на АКМИС системот. Според извршената ревизија во Основниот суд Скопје 1, годишниот план за управување со судските предмети бил донесен во 2013 година, но за истиот не било формирано работно тело, што подразбира дека предметите се распределувале рачно. Дури и работното време во овој суд не било стабилно, така што само во текот на септември 2017 година истиот бил променет трипати.

За манипулацијата со системот пишуваше и во годишниот извештај на американскиот Стејт Департмент (АСД), каде претседателите на Основниот и Уставниот суд беа посочени со име и презиме како инволвирани во скандалот со АКМИС.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...