fbpx

На Охридско Eзеро сè уште „му се бројат коските“

-

Денешниот сончев и пријатен ден, со температура невообичаена за овој период од годината, нешто помалку 15 Целзиусови степени, измами многумина охриѓани и нивни ретки гости на пријатна крајезерска прошетка.

Тука се и мноштвото галеби, како и групата прекрасни лебеди, да ги радуваат шетачите, пред сè, младите, а за што – за возврат, добиваат дебел оброк.

И сè би било добро, кога и езерото би било „полно како око“, а не вака, излокано, како да „му излегле коските“. Ова се најчестите коментари за актуелната слика. Имено, нивото на водата во Охридско Езеро во моментов е на кота од 693,21 сантиметри или само четири сантиметри над нултата позиција.

Врнежите од изминативе денови не предизвикаа поголеми промени. Од Центарот за управување со кризи во Охрид, за „Супер радио“ изјавија дека наврнале само два литри дожд на еден квадратен метар, што не претставува алармантно количество ниту, пак, доволно да го наполни испразнетото езеро.

Количеството дожд, засега не претставува проблем за водотеците со оглед на нивниот намален водостој изминатиот период, кога хидролошката состојба и не беше толку поволна.

– Нема опасност за водата во Охридско Езеро, ниту за другите водотеци. Зголемувањето на нивоата е далеку од критично. Според статистиките што се вршат години наназад, просекот на водостојот во Охридско Езеро во декември е 693,35 сантиметри, што значи дека сегашната состојба е за 14 сантиметри под декемврискиот просек – појаснуваат од Центарот за управување со кризи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...