fbpx

На „Охридскиот дијалог“ денеска и утре ќе се дискутира за интеграцијата во НАТО на земјава

-

Охрид денеска и утре ќе биде домаќин на голем број на поранешни и сегашни дипломати што се членови на Охридската група, кои се собрани заедно на настанот „Охридскиот дијалог“. Сите тие сакаат преку активни решенија да ѝ помогнат на Македонија во остварување на своите евроатлански интеграции.

Охридскиот дијалог претставува стратешки дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија и регионот, информираат од владината прес – служба. Како дел од Охридската група е и поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Премиерот Зоран Заев, им посака топло добредојде на гостите во Охрид кои се присутни на „Охридскиот дијалог“. Дипломатите и останатите високи гости се тука кога се дискутира и се бараат решенија за да се остане на вистинскиот пат за подобра иднина на сите граѓани, истакна премиерот.

На утринскиот панел било разговарано за следните чекори кои ја очекуваат Македонија. Учесниците се согласиле дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евроатланските интеграции на државата. Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес, се наведува во владиното соопштение, Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...