Има долгогодишна шега помеѓу гејмерите дека Близард ги прават истите три игри во нови варијанти веќе 30 години а тоа се „Warcraft“( и WoW), „Starcraft“ и „Diablo“ франшизите.

Секако дека Близард работат и на други игри како „Overwatch“, „Hearthstone“ и „Heroes of the Storm“ и одржување на гореспоменатите, а во последно време во нивната продавница на Battle.net рекламираат и други игри што може да се купат и играат преку нивната платформа. 

„World of Warcraft Forever“

Најголемо внимание на Близкон несомнено привлече најавата на „World of Warcraft Forever“. До сега имаше две активни верзии на WoW (World of Warcraft) и тоа се ритејл верзијата -односно тековната игра и повратната класична верзија WoW Classic која менува варијанти на изминати експанзии. „World of Warcraft Forever“ ќе биде трета верзија на играта што се разликува од Classic верзијата но се базира на сосема првата верзија на WoW до левел 60.

И излегува на ист датум со евентот за првата експанзија „Burning Crusade“ односно на 4 ноември. 

Најавени се многу новитети за „World of Warcraft Forever“ од кој првичен е новата платежна класа „Skyelves“ за кој е пресликан моделот од расата Бладелф што премина за сличен модел со други опции за Воид Елфите со помал варитет на асална кустумизација, само што најновите Скајелфс се по потекло од Азурните Острови на Азерот и имаат сопствен нов јазик како опција. Ова функционира така што менувате јазик и само тие што го знаат околу вас ве разбираат додека куцате на англиски, но бидејќи ги има и за Хорда и за Алијанса зборуваат и таканаречен „Општ јазик“ за разбирање со други раси, но изгледаат убедливо најдобро анимирани од сите раси за бирање.

И покрај тоа ова е првпат на расата од било кои елфи да биде достапна класата Шаман, што израдува многу играчи затоа што во играта немаше добро направен лик за да се игра шаман, дека расите што можеа да ја играат таа класа им недостасуваше херојска еститика на „млад јунак“ типичен архетип за Епска Фантастика.  

Тоа што е важно да се знае е дека „World of Warcraft Forever“ захтева месечна претплата но и купување на самата игра чија цена ќе биде негде околу 60 евра за да ви дојде со новата раса елфи и со пристап до бета верзијата -во која се влегува ако ја купите „WoW Forever“ веднаш и може да почнете да ја играте бетата од 17 септември до 22 октомври. 

Се работи за тотална преработка на светот од најпрвата класична верзија на WoW каде се имплементираат градуално „старо-новите зони“, рејдови со 40 учесници, но има посебен вид на ситем со ачивменти, додека е врзана со ритејл верзијата за преносливи скинови, од кои ќе има нови и екслузивни за оваа верзија. „Трансмогрификацијата“ -односно менувањето скинови, е присутно ако сакате да го користите и се вклучува и исклучува со копче -дека го немаше во класичната верзија. Исто така има опција што се менува со едно копче за дали ја сакате класичната графика од 2005 година што го даваше дражот на играта тогаш или најмодерна графика до каде што е WoW ритејл сега. 

Сè уште не се знае дали ќе има PvP арена и како ќе фунционира, но најавени се борбените полиња односно „BattleGrounds“ за борби помеѓу Алијансата и Хордата. 

Оваа најава на реактуелизирање на стари содржини -но во ново пакување сепак предизвика повеќе еуфорија кај гејмерите одошто другите најави. 

„Warcraft III Reforged: Forgotten Kingdom“

Првата верзија за преработената „Warcraft III“ наречена „Reforged“ наиде на голем неуспех, иако се работеше за нови скинови на ликови и менување на стилот на нацртаните ликови, овојпат се нуди цела нова кампања -со строги правила против модирање. Дека од оригиналната Warcraft III првична верзија излезе Dota 2 што е сè уште доста активно играна игра, посебна но многу слична и под сопствеништво на фирмата  „Valve“ а не на Близард. За да се спречи такво нешто Близард извадија законска рамка дека се што се модира со нивни едитори во иднина ќе припаѓа на нив. Иако ете се потрудиле да ја подобрат и продолжат Warcraft III со сосема нова експанзија во Reforged естетиката, на повеќето гејмери воопшто не им се допадна арт стилот -а самата игра ќе изгледа вака:

Forsaken или таканаречен „Undead Paladin“ класата наиде на измешани мислења дека се работи за концепт што сам по себе е оксиморон -дека комбинира „Жив Мртовец“(односно „Андед“) во исто време со „Свет Витез“ односно Паладин. Но има и гејмери на кои ова им се допаѓа, дека уште на стартот на WoW имаше „мртвак свет свештеник“ -„Undead Holy Priest“.

„Undead Paladin“ доаѓа како новитет и во „World of Warcraft Forever“ и во „Warcraft III Reforged: Forgotten Kingdom“. Играчите што сакаат да го оправдаат ова -велат дека „светата светлина“ никого не напуштила, но ги повредува живите мртовци кога ја користат, што ги прави покул Undead Paladin играчите. Но сериозните познавачи на приказните од Warcraft универзумот овој новитет го сметаат за голема глупост, дури им е  поидиотски од појавата на Таурен Паладин во ритејл верзијата. Сепак за лошите вкусови не ни мора да се дискутира. Шегата настрана но главните негативни коментари драстично се ориентирани околу оваа тема.  

„StarCraft“ 

Најавата за најнова верзија на „StarCraft“ играта беше мрачна и ја обработува темата што е пандан на архетипот за „Вселенски Маринец“ од Научната Фантастика, а тоа е дека претпоставените ги фураат војниците дека се најдобри борци во галаксијата додека потоа се употребени за „топовско месо“ крајот на трејлерот е особено крвав и грозен. 

Но сепак и покрај гротекската е пацифистички поткопана идејата за безвередноста на војник овојпат во интергалатички конфликт против зегри, но е коментар и за обичен војник во вистинска војна. 

Тоа што ги тригира гејмерите е што ова е трејлер за игра која е најавена да излезе дури за 4 години од сега во 2030 година, а ваков размах во најава на игра 4 години порано е стварно растегнат оптег и поретко се случува воопшто во гејминг индустријата.

Но „Близард си е Близард“ и си прави што сака. Да, прават навистина квалитетни игри, но тоа што им даваат астрономски цени е она што ги одвраќа гејмерите, а тоа што им ги враќа гејмерите е самата адиктивност што ја предизвикуваат нивните игри, за кои има сериозни индикации дека игрите на Близард имаат ефект и на сублимално ниво. Но сепак генерално носталгијата си го прави своето.

„Diablo V“

Самата најава на „Диабло 5“ само ги исфрустрира посветените играчи на „Диабло 4“-која веќе имаше две експанзии и која очигледно нема да продолжи со нови експанзии туку ќе ја снајде судбината на Диабло 3 со бескрајни нови сезони за кои ви требаат нови слотови за ликови- па повеќето играчи бришат по еден лик секоја сезона. 

Друго што е превземено од Диабло 3 за Диабло 5 е што класите Демонхантер и Монк ќе бидат присутни за бирање, иако во Диабло 3 имаше „Crusader“ а во Диабло 2 и 4 „Paladin“ најавено е дека Паладинот ќе го има и во петката, а кога сме кај витешките класи најавена е нова класа наречена „Plague Knight“ или во груб превод „Витез-Подвижна Чума“ што се бори на таков начин што шири болести на борбеното поле и потоа ги конзумира за да собере повеќе сила за удирање -морбидно, но тоа е механиката на класата. Значајно најавија дека Диабло 5 ќе има највеќе класи за бирање од било која друга претходна верзија и дека ќе фигурираат голем број нови класи.   

Новитетот што се обидуваат да го внесат во приказната е интересен сетинг, а тоа е дека Диабло -Господарот на Омразата најврховниот демон -вистинскиот Ѓавол победил а вие се наоѓате во тотален хаос на светот „Sanctuary“. Свет во кој откако е победен Мефисто (до кај што е сега приказната на Диабло 4) светот имал мир и благосотојба и се живеело убаво, пред да нападне Диабло и да го уништи цел, патувате со цел караван што има трговци и со дружина на новонајавени ликови што би станале маркантни во идинина, но механиката е бидејќи сите градови се уништени, на секое наредно логирање околина на исти места се менува -дека светот рандомизирано се менува и како што велат патека што постоела вчера што води негде -следниот ден е целата област со различна топологија.

Односно процедурално рандомизирано влегување во нови мапи, додека на одредени разрушени места -се раскажуваат историски приказни за тоа како било убаво пред да нападне Диабло и да уништи се. И наместо да се победи и убие Диабло како крајна цел -се борите со последните преживеани луѓе против хаосот на демоните што роварат -а се уште не е откриено -како ќе го склопат сето ова во заокружена приказна -па гејмерите сметаат дека е играта во изработка дека и самите девелопери развиваат приказна -уз пат со креирање на играта. 

Битно се разликува драстично од претходните верзии. Навистина е штета кога во повеќето уметности не се оди со креативни идеи туку се прават пермутации на барање варијанти кои не постоеле претходно, што е штур начин на пристап кон уметничко дело и кон уметноста на правење на игри. А Близард се често обвинувани дека се мрзливи со креативноста во своите игри -дека со такви ресурси кои ги имаат многу можат да направам многу повеќе, но веројатно веќе немаат потреба да се трудат, туку само реактуелизираат стари содржини во нови варијанти, што и покрај графичкиот нов квалитет се помалку и помалку ги привлекуваат гејмерите -особено тие кои не се зависни од нивните опасно заразни видеоигри, што секогаш инволвираат платежни трансакции и плаќање за навистина ефективно да се учествува и тоа важи за сите горенаведени наслови. 

Доколку сакате да го проследите целиот настан од првиот ден на Близкон 2026 ова е снимка што трае поприлично долго од самиот Livestream каде има мноштво други неспоменати детали за измени во ритејл WoW, Heartstone, Overwatch и многу други содржини: