fbpx

На границата од законот – предизборни реконструкции, исплати и вработувања

-

На почетокот на 2014 година, се усвои нов член во Изборниот законик (8-а), кој пропишува дека од денот на распишување на изборите до прогласувањето на конечните изборни резултати, независно дали се работи претседателски, парламентарни или локални избори, не може да се започне изградба со буџетски средства на нови објекти во инфраструктурата – патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма. Воедно, во наведениот период се забранети и исплати на плати, пензии, социјална помош и други буџетски трансфери, доколку не се работи за редовни месечни исплати.

Оттука, со оглед на тоа што претстојните претседателските избори, кои треба да се оддржат на 21 април (прв круг) и на 5 мај (втор круг) беа распишани на 8 февруари, се смета дека од овој ден па се до прогласувањето на конечните изборни резултати не може да се започне изградба со буџетски средства на нови инфраструктурни објекти, да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош, земјоделски субвенции кои не се редовни месечни исплати, како и да се започне постапка за вработување во јавниот сектор, освен во случаи на итни и неодложни работи. Ако се знае дека изборната кампања започна на 1 април, тогаш од 11 март (20 дена пред почетокот на кампањата) се забрануваат јавни настани по повод започнување на изградба на инфраструктурни објекти со јавни средства, како и исплата на субвенции кои не се редовни месечни исплати…

 

РЕКОНСТРУКЦИИ НА ПАТИШТА, МОСТОВИ, ВОДОВОДИ

Но, доколку се прегледаат официјалните интернет-страни на институциите на државно и локално ниво, како и медиумските архиви, произлегува дека на многу места токму сега предизборно се најавува реконстуркција или изградба на пат или друг инфраструктурен проект, додека некаде токму сега и започнува или се засилува изградбата.

Во сите случаи станува збор за отпочнување на градба на нови инфраструктурни проекти, кои претходно внимателно биле предвидени во годишна програма и за него биле обезбедени средства, како и за реконструкции и наградба на поетоечки објекти, што не е забрането со изборниот законик. Сепак, темпирањето и засилувањето на овие зафати во предизборен период укажува за смислена кампања кај властите за постигнување на визуелен ефект кај електоратот дека се работи на терен, што треба да донесе одреден политички профит во пресрет на изборите. На тој начин, исклучоците во законот ја убиваат суштината на овие законски одредби.

Во меѓувреме, се реализираат сите предвидени буџетски трансфери, и тоа крајно дисциплинарано и со засилена диманика. Во првите три месеци од годинава, од кои два (февруари и март) влегуваат во предизборен период, Владата исплатила 40,5 милиони евра за поддршка на земјоделството и руралниот развој кон 80.000 земјоделци, при што последни субвенции добија овоштарите на средината на март во износ од 5,5 милиони евра.

Истовремено, предизборно се засилува темпото на вработувања на јавен трошок, што моментално се врши по пат на договори за јавна набавка со агенциите за привремени вработувања.

(Целиот текст може да се прочита тука)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...