Најголемиот број наставници оценките ги вадат од ракав, тврдат просветните инспектори

-

Просветните инспектори во делот „Настава и учење“ во нивниот последен извештај за квалитетот на воспитно-образовниот процес, констатирале дека слаба страна на наставниците е изготвувањето на критериуми за оценување на учениците.

Таму е наведено дека најголем број наставници во државата, не изготвуваат и не користат критериуми за оценување. Наставници со кои поразговаравме, се изненадени од ваквата констатација на ДПИ.

– Секој наставник за својот предмет прави критериуми за оценување, според стандардите кои се дадени од Бирото за развој на образованието. Секој наставник си има докази според кои му става оценка на ученикот и секој наставник си одговара за својата оценка – вели Јадранка Клисарова, долгогодишен наставник во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром и член на Асоцијацијата на најдобри наставници од земјите на поранешна Југославија.

Во врска со оценувањето на учениците, ги консултиравме и одговорните во Бирото. Оттаму информираат дека ќе има нов елемент во оценувањето, наречен „Резултати од учење“.

– Ние подготвуваме нови наставни програми. Ги изготвуваме со јасно определени резултати од учење, односно, што е она за што е способен ученикот по реализирањето на програмата. Резултатите од учење се насочени кон развој на компетенциите на учениците кои се однесуваат на сè она што се очекува учениците да знаат, разбираат или умеат да прават, критички да размислуваат и да изградат ставови. Врз основа на јасните резултати од учење кои се поделени по нивоа на знаења, направени се стандарди за оценување во самата програма. Врз основа на критериумите за оценување, наставниците ги корисатат стандардите за оценување од новата наставна програма – појаснува Оливер Станојоски од БРО.

Инаку, во извештајот на присветните инспектори, во делот Настава и учење, стои и дека во наставниот процес има поголема интерактивност на релација наставник–ученик.

„Но, исто така, во процесот на наставта поради нефункционалната информатичка технологија наставниците не се во можност за реализација на ИКТ во наставата. Во средните стручни училишта слаба страна е организацијата и реализацијата на феријална пракса, која несоодветно се организира и реализира. Во најголемиот број на училишта констатирано е дека се отворени за родителите кои навремено се известени за успехот и поведението на учениците што и претходно беше јака страна“, пишува таму.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...