fbpx

На есен, вакциналниот сертификат ќе биде неопходен за да се оди на масовен настан

-

Здравствените власти размислуваат почнувајќи од есенските месеци, да мора задолжително да се бара вакцинален сертификат за да може да се присуствува на масовен настан. Ова значи, како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, дека во кино, или на некој културен настан, дека ќе се бара поседување на сертификатот.

– Почнувајќи од есенските месеци, овие недели пред нас ќе размислуваме да воведеме некаква форма на рестрикција, во смисла на тоа, вакциналниот сертификат да биде неопходен за да се влезе на некој настан масовен. Се надевам дека на овој начин опфатот со вакцинација ќе се зголеми. Гледајќи дека нема интерес за вакцина преку „Мој термин“, ги отворивме пунктовите. Наша проценка е дека до крај на јули ќе имаме 500.000 луѓе со примена една доза. Тоа не е доволно, со оглед на тоа дека се јавуваат мутации кои се преносливи – изјави министерот по денешната посета на Клиниката за кардиологија.

Тој кажа дека вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови без закажување и на терен, за да им се олесни пристапот на луѓето до вакцини.

– Околу 30 отсто на терен луѓето се веќе вакцинирани. Околу 430.000 лица се вакцинирани со една доза, а 250.000 се ревакцинирани. Продолжуваме со кампањата, размислуваме како би функционирале и во есенските месеци. Вакцина имаат примено над 85 отсто од здравствените работници  – информираше тој.

Филипче денеска со директорот на Клиниката за кардиологија д-р Жан Зимбаков, посетиле и раговарале со пациенти кај кои е аплицирана метода која интензивно се работи во изминатите три години.

– Досега се завршени сто случаи на клиниката. Станува збор за минамална инвазивна метода, со која наместо со отворена операција на срцето, се заменува една од валвулите. Тоа е тренд насекаде во светот. Изминатиот период клиниката доби голема количина на опрема, три ехо апарати, респиратори, ангиограф за посебна метода за работа во сала за интервенции, а во тек е постапка за набавка на опрема за воведување нова метода за третман на срцевите аритмии, што е врв во светот. Кардиолозите се стручни и спремни за да им пружат на нашите пациенти добра здравствена заштита – рече министерот.

Д-р Зимбаков кажа дека ова се едни од најкомплексните интервенции во интервентната кардиологија.

– Се работи со минималистички пристап, со специјално дизајнирани жици, се влегува со пункција односно боцкање, се внесува валвулата. Ова се изведува кај тешки пациенти, а кај нас веќе рутински се работи. Уште следниот ден пациентите се враќаат во нормален режим на живот. Се работи без анестезија и нема потреба од отворање на градниот кош, со што се намалува ризикот од компликации. Сите досега се успешно изведени – рече директорот на клиниката.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...