Ноќеска околу 2 часот после полноќ, полицијата на граничниот премин Деве Баир на излез од државата го лишила од слобода 43- годишниот А.Ч. од Турција поради тоа што приложил фалсификувани зелени карти.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои ги управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.