fbpx

На Булеварот на книгите читателите го избраа Хитот за ова лето

-

Клубот Матица, традиционално, 16-та година по ред ја организира летната кампања „Со книга на плажа“, годинава збогатена со новиот слоган „Сонцето пишува нови страници“.

Како и секоја година, читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите хитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, дело номинирано за најдобар роман во 2014 година во САД.

„Сеќавање на љубовта“ е реална, вистинска драма, приказна сместена помеѓу волшебната убавина на Прага и велелпниот модерен Њујорк. Приказна стара педесетина година со порака која вечно ќе живее во срцата на милионите читатели ширум светот. За годинава, особено радува податокот што во првите пет наслови, на второто место, за првпат во овие шеснаесет години се најде и дело од македонски автор, и тоа дебитант, младата Верче Карафилоска со својот „Бездомник со златен часовник“, роман фикција со извонредни примеси од трилер и драма.

– Овој резултат ги потврдува нашите ставови дека во Македонија има млади, талентирани автори кои знаат да направат светска приказна, а македонските читатели знаат да го препознаат тоа. Навистина ова е податок што треба сите да не радува и сметам дека дава поттик кон сите млади и амбициозни домашни автори да го следат патот на Верче – изјави Дејан Павлевски, од „Матица“.

И за ова лето, Клубот Матица останува на традицијата „60 летни денови–60 нови наслови“, или секој ден по еден нов наслов, а публиката ќе има можност да се насладува на убавите зборови и мисли од најновиот роман на Лусинда Рајли „Ноќ над мојот прозорец“, „Токио“ од Мо Хајдер, „Девојката која трчаше со волците“ од Шерил Стрејт, најновите дела на Јасмина Кадра, Роберт Херис, унгарскиот нобеловец Шандор Мараи, скандинавскиот книжевен феномен Кирс Копланд и многу други.

Позитивниот став кон книгата и организацијата на вакви кампањи го видоа и партнерите на Клубот од соседството, Делфи и Лагуна, како и големите Парагон и Вотерстоунс, а со нивното учество спектарот на наслови и автори во генералната понуда се зголемува за неколку илјади. Безвременските дела на Марио Варгас Љоса, Сарамаго, Мо Јен, Џорџ Мартин, Амин Малуф, Харлан Кобен, Патерсон, Баркли… ќе бидат достапни со цени прилагодени на македонскиот книжевен пазар. Секако, семејните пакети по сопствен избор со многу подароци секогаш се опција на Булеварот на книгите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...