На 90 години почина Волтер Канингам, последниот астронаут на првата мисија „Аполо 7“

Фото: Принскрин од видео споделено он НАСА

Американскиот астронаут Волтер Канингам, последниот преживеан член на првата мисија на НАСА која некогаш емитувала телевизија во живо од орбитата, почина на 90-годишна возраст, пренесе Би-би-си.

„Аполо 7“ беше 11-дневна мисија со екипаж во 1968 година, која ја тестираше способноста за емитување во вселената. А, екипата ја доби и наградата Еми за нивното емитување.

Таа го отвори патот за слетување на Месечината со „Аполо 11“ помалку од една година подоцна.

НАСА ја потврди смртта на Канингем и рече дека „тој имал клучен придонес за успехот на програмата на нашето слетување на Месечината“.

Претставник на семејството изјави дека тој починал во болницата во Хјустон во вторникот од природна смрт.

„Би сакале да ја изразиме нашата огромна гордост за животот што го живееше и нашата длабока благодарност за човекот што беше – патриот, истражувач, пилот, астронаут, сопруг, брат и татко. Светот загуби уште еден вистински херој и многу ќе ни недостасува“, соопшти семејството Канингам во изјава споделена од НАСА, американската вселенска агенција.

Канингам е роден во Крестон, Ајова, а магистрирал по физика на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес. Додека работел како цивил во тоа време, тој бил еден од тројцата астронаути избрани за првиот вселенски лет со екипаж во програмата Аполо.

Како пилот на лунарниот модул за „Аполо 7“, тој беше придружуван од морнаричкиот капетан Валтер Шира и мајорот на воздухопловните сили Дон Ајзел.

Тој претходно бил во американската морнарица, служел и како маринец, а бил вклучен и во 54 мисии со борбен авион над Кореја.

По пензионирањето од НАСА во 1971 година, тој стана јавен говорник и радио водител.