На 75-годишна возраст почина професорката Наде Проева

Професорката Проева остави забележителна трага во македонската историографија, истражувајќи и објавувајќи студии поврзани со историјата на античка Македонија. Погребот ќе се одржи во недела, 10 ноември 2024 г. во 13 часот на скопските Градски гробишта Бутел

-

Вчера, на 6 ноември 2024 година, на 75-годишна возраст почина професорката Наде Проева, која со години работеше на Институтот за Историја на Филозофскиот факултет и се сметаше за ескпертка по античка историја.

Од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопштија дека професорката Проева остави забележителна трага во македонската историографија, истражувајќи и објавувајќи студии поврзани со историјата на античка Македонија.

„Во рамките на својата богата и плодна кариера настапувала на меѓународни научни собири во Македонија, Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска, а држела предавања во Хрватска, Словенија, Франција, Холандија. Заради својот научен ангажман и развивање на научни врски со Франција, добитник е на орденот Chavalier de palmes academiques од француската влада“, соопшти Факултетот.

Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година во Ресен каде завршува средно образование. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“. На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија. Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Погребот ќе се одржи во недела, 10 ноември 2024 г. во 13 часот на скопските Градски гробишта Бутел.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...