fbpx

На 31 октомври почнува третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

-

Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Кино Култура. Организаторите на овогодинешното издание погледот го вперуваат „Кон дигиталното“, разгледувајќи ја од различни аспекти позицијата на медиумите во дигиталната ера.

„Со интерактивната содржина на третиот ИФФС, за првпат на фестивалот на посетителите им се нуди увид во виртуелната реалност. Во холот на кино Култура со помош на VR очила фестивалските гости ќе имаат прилика одблизу да ги доживеат документарните приказни на иновативното студио Контраст од дигиталниот оддел на Ал Џезира“, се наведува во соопштението на организаторот Платформа за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.

Третото издание на ИФФС ќе го отвори новинарката Ана Зафирова со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, по што ќе биде прикажан „Големиот упад“, документарен филм за скандалот со Кембриџ аналитика и злоупотребата на личните податоци на Фејсбук корисниците.

За предизвиците со кои се соочуваат медиумите денес, како и насоките во кои може да се исползуваат иновативните алатки, Зафирова ќе разговара со Марија Фернанда Лаурет од Контраст и Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачка интелигенција, која има работено во престижни британски медиуми како „Guardian“, „Sky News“, „BBC“ и „Channel 4“.

Покрај презентацијата за покривање актуелни социјални проблеми преку документарци со виртуелна реалност, на ИФФС ќе се зборува и за новите дистрибутивни модели преку video on demand платформите, за користење блокчејн технологија во онлајн медиумите, за правото на приватност и заштита на податоци на Интернет, за иницијативите за неформално новинарско образование за млади новинари, како и за прекугранични соработки на новинари од земјава и соседна Грција.

На водечката тема на годинешното издание на ИФФС ќе се разгледа и патот кон дигиталното на домашните редакции, а покрај дискусијата на оваа тема новинарите ќе имаат можност и да го разгледаат примерот за дигитализација на редакцијата на финскиот јавен сервис на работилница со гостинот од Финска, Матијас Еркиле.

Филмската програма на ИФФС опфаќа документарци за децентрализиран интернет („The Decentralized Web is coming“), модерирање на содржините што се шират по социјалните медиуми („The Cleaners“), онлајн закани кон новинарки („A Dark Place“), за ширењето на десничарска пропаганда во Европа („How Steve Bannon’s far-right ‘Movement’ stalled in Europe“) и за иновативниот истражувачки колектив Белингкет („Bellingcat – Truth in a Post-Truth World“). Влезот за сите настани е бесплатен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...