На 26 февруари промоција на збирка поезија од српската поетеса Мила Михајловиќ во МКЦ

Фото: Фејсбук настан на МКЦ
Во Младинскиот културен центар на 26 февруари (сабота), со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Вечна трага“ која под своите корици впива количина современа и доза љубовна позеија од српската поетеса Мила Михајловиќ.
Пишувана е во модерен поетски манир карактеризиран од експресивна слобода во баланс со сентименталните лирски гравури, настанати како последица на уметничката идеализација на чувствата што ја инспирираат оваа книга. Таа е синоним за литерарно отелотворување креирано поради невозвратена љубов. Поезијата прави неприкосновена и крајно револуционерна дескрипција на своите емоции на еден иновативен начин, но и покрај тоа се придржува на ренесансни книжевни начела, со што создава вонвременски спој на различни хронолошки наративи.
Мила Михајловиќ е млада српска поетеса од Косово. За збирката, „Вечна трага“ таа е добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година, што ја доделува Књижевна омладина Србије.