fbpx

На 2 октомври Унгарците на референдум ќе се изјаснат за пропишаните квоти за бегалци

-

На 2 октомври годинава, Унгарците на референдум ќе треба да се изјаснат дали ги поддржуваат задолжителните квоти за прифаќање бегалци во нивната земја, кои се пропишани од Европската Унија.

Референдумот е инициран од владата, а во соопштението од кабинетот на претседателот на државата, Јанош Адер, се наведува дека граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето „Дали сакате ЕУ да наредува задолжително населување на неунгарски граѓани во Унгарија без согласност на парламентот?“.

Одржувањето на референдумот беше предложено во февруари од премиерот Виктор Орбан, кој го отфрли учеството на Унгарија во програмата на ЕУ за распределување на бегалците меѓу земјите членки.

Тој ги повика граѓаните на референдумското прашање да одговорат со „не“, затоа што тоа било во интерес на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...