На 13 мај ќе падне одлука дали ќе се одржи Work and Travel програмата

Фото: Арбнора Мемети

Идниот месец, на 13 мај е закажана средба на американските спонзорски агенции со одделот за програмите за размена на Стејт Департментот. На средбата ќе се одлучи дали ова лето програмата Work and travel ќе се одржи и под кои услови или ќе се откаже, информираат од студентскиот медиум „Авангарда“ при Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

„Доколку се донесе одлука програмата ова лето да се одржи, се очекува агенциите да излезат во пресрет со нови услови за доброволно откажување од неа, за оние студенти кои со оглед на ситуацијата со коронавирусот не сакаат да ризикуваат и би се откажале од програмата“ – се вели во Фејсбук објавата на „Авангарда“.