„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Таква буква може да внесе само лице кое користи српска тастатура. Ние користиме ‘ль’, но тие се две различни букви, додека во српскиот јазик оваа буква е споена“, изјавил за N1 Русин

-

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки и нелогичности, поради што е отворено прашањето, каде е напишан извештајот – во Москва или во Белград, пренесува „Н1“.

На втората страница, во петтиот пасус во првата реченица од извештајот на руски јазик пишува „толгљак“. Непостоечката буква „љ“ на руски создаде непостоечки збор кој во српската верзија на извештајот беше преведен како „маса“.

„Општи карактеристики на толпата: луѓето се на улица во слободна режија, тие се на различна возраст, присутни се деца. Многумина прават видео записи од настанот, разговараат меѓу себе и слободно се движат по улица. Не се регистрирани знаци на физички притисок од полицијата“, стои во документот на веб-страницата на БИА со наслов „Извештај на српски јазик“.

„Таква буква може да внесе само лице кое користи српска тастатура. Ние користиме ‘ль’, но тие се две различни букви, додека во српскиот јазик оваа буква е споена“, изјавил за N1 Русин.

Во истата реченица, во руската верзија, недостигаат два точки по непостоечкиот збор, кои се присутни во извештајот на српски јазик. Познавачите на рускиот јазик забележале дека во таа реченица се вовлекла уште една грешка, односно дека зборот „људи“ е ставен во погрешен падеж.

Зборот „кашошонами“ не постои на руски, веројатно треба да биде „капюшонами“ (качулки), „какихлибо“ се пишува посебно „каких-либо“, „направляли движение масс“ е неправилна форма, тоа се грешки на кои укажуваат луѓе чиј мајчин јазик е руски.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...