МЖСПП потпиша меморандум за соработка на проект за заштита на подземните води со Швајцарија

Оваа Програма се воспоставува за долгорочна трансформација на управувањето на водните ресурси, преку градење на капацитетите на сите вклучени страни, обезбедување на неопходен механизам за соработка и подобрување на законодавството и рамката за планирање

-

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски, потпишаа меморандум со амбасадорката од Швајцарија Вероник Улман. Овој меморандум служи за договорање на взаемна соработка на проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во нашата земја.

Оваа Програма се воспоставува за долгорочна трансформација на управувањето на водните ресурси, преку градење на капацитетите на сите вклучени страни, обезбедување на неопходен механизам за соработка и подобрување на законодавството и рамката за планирање.

Водните ресурси, а особено подземните води во Република Северна Македонија се стратешки природен ресурс, но нивниот потенцијал не е доволно истражен, користен, следен, евидентиран, заштитен или управуван. Неоходно е зајакнување на капацитетите на одговорните институции доуредување на правната и доусогласување со правото на ЕУ.

Дополнително, ниската свест за статусот на површинските и подземните води се рефлектира со низок јавен притисок и слаба мобилизација на јавноста и граѓанското општество за прашањата за управување со водните ресурси.

Програмата до крајот на 2027ма година очекува: да ги зајакне капацитетите на клучните институции и засегнати страни за интегрирано и одржливо управување со водните ресурси, да ја усогласи и консолидира правната рамка, да го изработи нацрт-планот за управување со речниот слив на Вардар и да спроведе пилот проекти со земјоделците, јавните комунални претпријатија, приватниот сектор и општините.

Главен корисник и носител на програмата е Министерството за животна средина и просторно планирање (вклучено во сите три компоненти), а во програмата (во две компоненти) вклучено е и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Програмата е финансиски поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка во вкупен износ од 4.600.000 швајцарски франци до 2027ма година, а Владата на Република Северна Македонија обезбедува домашно учество преку двете министерства и тоа од Министерството за животна средина и просторно планирање 300.000 швајцарски франци (во три години) и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 200.000 франци (во две години).

Програмата се спроведува од страна на Конзорциумот Skat Consulting Ltd (Швајцарија) и PointPro Consulting (Северна Македонија), и е конципирана во 2 фази и тоа: фаза 1, од јануари 2024 – декември 2027 година и се планира да продолжи со фаза 2, од 2028-2031 година.

Владата на Швајцарската конфедерација е застапувана од Сојузното министерство за надворешни работи, кое дејствува преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Меморандумот за разбирање содржи детален опис и динамички план на активностите и задачите и ќе биде основа за спроведување на “Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...