МЗД: Антидискриминациска со Груeвски покажа непрофесионалност и селективност

-

Целосно е доведена во прашање кредибилноста за вршењето на мандатот на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), со нејзиното селективно и непрофесионално работење, порача Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД).

Реакцијата се однесува на мислењето на Комисијата со кое се утврди дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска преку непочитување на правото на фер постапка на осудениот на две години затвор, Никола Груевски, во предметот „Тенк“. МЗД реагира и на брзањето на КЗД да донесе такво решение, при што биле игнорирани некои постари претставки.

„Комисијата не само што утврди дискриминација без да ја образложи дискриминаторската основа (личен и семеeн статус) и ја закажа седницата надвор од воспоставената пракса , туку на претставката на поранешниот премиер ѝ даде предност пред другите претставки, за кои законскиот рок од три месеци е одамна истечен. Утврдувањето на дискриминација во случајот на поранешниот премиер е само уште еден показател за непрофесионалноста и пристрасноста на Комисијата, чии членови очигледно ја злоупотребуваат својата функција за да утврдуваат дискриминација кон своите политички истомисленици дури и во случаи каде очигледно нема дискриминација“, се вели во реакцијата.

Од Мрежата за заштита од дискриминација појаснуваат дека само во последните три години нејзините членки доставиле 19 претставки во случаи на дискриминација кон маргинализирани групи граѓани, за кои Комисијата во просек доцни по речиси четири месеци, а за три од поведените претставки Комисијата доцни и повеќе од една година.

„На пример, Комисијата сè уште нема одлучено по претставката против Миленко Неделковски, пратена на 2.2.2017 година. Наспроти ваквиот однос на игнорирање на маргинализираните заедници, Комисијата постапи брзо и пред законскиот рок во предметот на поранешниот премиер, Никола Груевски“, велат од МЗД, апелирајќи Собранието итно да усвои нов закон за Закон за спречување и заштита од дискриминација, врз чија основа ќе се разреши сегашниот состав на Комисијата.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...