fbpx

МЗ: Во тетовскиот ковид-центар имало 26 пациенти за време на пожарот, 12 се спасени и се вон животна опасност

-

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во вчерашниот пожар што го зафати ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. За време на пожарот, во модуларната ковид болница биле згрижени 26 пациенти, при што 12 пациенти се спасени од пожарот. Тие се наоѓаат на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Од ова министерство велат дека нема настрадани здравствени лица во вчерашниот пожар, додека неколкумина од нив се здобиле со полесни повреди.

„Министерството за здравство изразува сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...