fbpx

МЗ: Во болниците хоспитализирани 16 пациенти, вакцинацијата е начинот да се избегне нов бран

-

Министерството за здравство информира дека 16 пациенти заболени од ковид-19 се хоспитализирани на територија на целава држава. Болниците во земјава се празни, а 4 пациенти во моментов се наоѓаат на кислородна поддршка. Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, велат од Министерството за здравство. Сепак, тие додаваат дека единствениот начин на превенција за да не дојде до нов силен бран и ширење на делта сојот е што помасовна имунизација.

„Кај нас досега се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не беше вакциниран. Не само кај нас, последните анализи и во светски рамки покажуваат дека новиот делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираното население. Во Европа, од почетокот на месецот, дури 84 отсто од новозаразените во Холандија се невакцинирани, а 10 отсто се вакцинирани само со една доза, додека во Обединетото Кралство, скоро две третини од луѓето заразени со Делта сојот на Ковид-19 и повеќе од половина починати, воопшто не биле вакцинирани“, информираат од Министерството за здравство.

Тие додаваат дека во Шпанија е забележан значителен пораст на нови случаи кај младите невакцинирани лица, додека од шпанското Министерството за здравство, предупредуваат дека „стапката на инциденца кај невакцинираните е до 20 пати поголема од онаа на вакцинираните“, и ова претставува ризик за останатиот дел од населението.

Од Министерството за здравство укажуваат дека секој поединец носи одговорност во борбата против пандемијата, со највисока граѓанска обврска за вакцинација.

„Должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите е и уставно регулирана, со цел да се обезбеди максимална заштита на личното и колективното здравје, со што овие мерки не може да се подведат под сомнение дека се основ за дискриминација или во спротивност на основните човекови слободи и права, туку напротив, се во насока на поттикнување на личниот придонес од страна на секој поединец, со што ќе се осигураат јавното здравје и колективната благосостојба“, велат од Министерството за здравство.

СЗО е децидна дека сите вакцини се докажано ефикасни против постоечките соеви и мутации на вирусот. Иако дел од студиите покажуваат дека нивната ефикасност се намалува против Делта сојот, таа и понатаму е доволно висока да превенира развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...